Македонската фудбалска репрезентација вечерва доживра тежок дебакл на гостувањето кај Велс во рамките од последното коло од мундијалските квалифиакции. Со ова селекторкиот мандат на Благоја Милевски и официјално заврши, а дали истиот ќе биде продолжен останува да видиме. Запрашан на оваа тема тој во Кардиф вечерва изјави:
„Чест и гордост било за мене да ја водам репрезентацијата и да поминам со овие момци. Стручниот штаб, моите соработници и раководните структури на федерацијата. Секој би сакал да работи во такво опкружување. Ќе видиме што ќе донесе утрото и наредниот период.
Во различна ситуација сме сега. Тежината на овој меч е сосема поинаков, ама не смее да се случува да загубите на ваков начин против било каков противник, колку и да е тој квалитетен. Ова не смее да се случи. Ваков пад на концентрација, на индивидуален план. да не спомнувам тука физички или тактички аспект. Ова не е никакво оправдување, но е различен овој меч од оној со Англија. Одиме понатака и ќе го чекаме нашиот противник од четвртиот шешир“ – изјави Милевски.










