НАПРЕД МАКЕДОНИЈА: Со стил да се завршат квалификациите за полесен бараж!

81
ФОТО: FFM.MK

Тоа е тоа. Вечерва од 20:45 часот на “Кардиф Сити“ стадионот во Кардиф, Македонија му гостува на Велс во последниот меч од квалификациската група Ј за пласман на Мундијалот 2026. Се е познато што ни треба за да бидеме втори во групата и добиеме полесен ривал во баражот.

Накусо, иако имаме шанса и за првото место, сепак нереално е да се очекува Лихтенштајн да ја победи Белгија во Лиеж.

Ако се случи чудо тоа ќе биде добредојдено, ако не, тогаш ние ќе си ја гледаме само нашата работа. Со победа и реми вечерва во Кардиф нашата селекција ќе биде во третиот ПОТ за ждрепката во баражот, со пораз тогаш ќе бидеме во четвртиот ПОТ. После мечот кога се ќе знае ќе видиме кои ќе ни бидат можните ривали во баражот за пласман на СП.

Е, сега, Македонија има и тоа како мотиви да остане непоразена.Како прво да добие полесен ривал во баражот, како второ да испише историја а тоа е за првпат едни квалификации да ги завршиме со стил, без пораз.

Македонија и досега испиша историја во овие квалификации, имено никогаш досега во изминатите три децении не сме биле во “игра“ во пресрет на последниот меч за тоа прво место.

Момците на селекторот Милевски се одлично расположени. Ветуваат голема битка, ветуваат битка до последниот атом од силите.

Порачуваат дека ќе играат за себе, ама ќе играат и за својата држава – ЗА МАКЕДОНИЈА,како и досега.

Ние не се сомневаме дека Барди, Елмас, Миовски, Столе и другите ќе покажат на теренот на “Кардиф Сити“ стадионот што значи да си Македонец кога е најмногу потребно.

Ајде МОМЦИ МАКЕДОНЦИ!

АЈДЕ МАКЕДОНИЈО!

ПретходноСамо Трајковски од сегашниот состав играше во Кардиф пред 12 години!
СледноМакедонија посилна за Нејт Сестина и Омари Мур во сениорскиот тим