ПМФЛ 14.коло: Шкупи домаќин на Пелистер во Битола!

198
ФОТО: FC Skupi/FB

После Струга, каде Шкупи беше домаќин на Струга ТЛ и Шкендија, Шкупи ја менува локацијата. Имено својот меч како домаќин против Пелистер, во рамките на 14.коло, клубот од Чаир ќе го игра во Битола и тоа од 13 часот во сабота (13 часот).

Ова е поради фактот дека теренот на Чаире под суспензија по сите оние настани на мечот со Македонија ЃП.

Секако дека ова е голема шанса за Пелистер, како “гостин“ на својот стадион да дојде до нова победа.

Инаку Шкупи е убедливо последен на табелата после 13 одиграни кола.

Уште сега може да се каже дека следната сезона ќе игра во ВМФЛ.

Ова се двојките и термините од останатите двојки за 14.коло во нашата елитна лига:

Петок (21.11.2025) 13 ч

Македонија ЃП – Силекс

Сабота (21.11.2025) 13 ч

Брера – Вардар

Недела (23.11.2025) 13 ч

Тиквеш – Башкими

Арсими – Шкендија

Понеделник (24.11.2025) 13 ч

Работнички – Струга ТЛ

Претходно„Нашите боксери ја претставија Македонија во најдобро светло“
Следно“Фалангата“ од Островот тргна накај Кардиф!