Македонската женска кошаркарска репрезентација е поразена на гостувањето кај Хрватска со 83-55 во рамките на третото квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2027 година.
Иако нашите девојки се надеваа на подобро сценарио, сепак противникот покажа зошто беше фаворит на оваа средба.
По изедначената игра во првата четвртина (19-17), хрватските кошаркарки во следниот период го подигнаа нивото и на одморот заминаа со предност од 44-32. Сето ова беше доволно за да противникот продолжи во ист ритам и без проблем да дојде до победа.
Хемпе и Митрашиновиќ со по 15 поени беа први стрелци, зад нив беше Кметовска со 11 поени.
За Македонија ова е втор пораз во овие квалификации, после од Грција на домашен терен.










