Сите математики: Како може Македонија директно на СП? „Рисовите“ сигурно играат најмалку бараж!

0
ФОТО: Фудбалска Репрезентација на Македонија/fb

Вечерва со мечевите од последното коло, завршуваат квалификациите за пласман на СП 2026 во нашата Ј група. Македонија на табелата засега е втора, без пораз, со 13 бодови, два помалку од првопласираната Белгија, а Велс е трет со ист број бодови како и ние ама со послаба гол разлика.

Убаво ќе биде уште еднаш, како многупати досега во изминатите неколку денови, да ги “разгледаме“ сите математики во врска со Македонија во пресрет на вечерашниот дуел меѓу Велс и Македонија кој се игра на “Кардиф сити“ стадионот од 20:45 часот. Само да потсетиме дека во исто време во Лиеж, играат Белгија и Лихтенштајн.

Еве се тие математики:

МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО НА МУНДИЈАЛОТ

-Првата варијанта е Македонија да го победи Велс а Белгија да загуби од Лихтенштајн, па така на крајот табелата ќе изгледа вака: Македонија 16, Белгија 15 и Велс 13. Ова значи дека Македонија ќе обезбеди директен пласман на СП 2026.

-Втората варијанта е Белгија да одигра дома нерешено со Лихтенштајн, а Македонија тогаш ќе мора да го победи Велс со седум голови разлика. И вака Македонија е прва и оди директно на Мундијалот.

Секако дека малку е веројатно Белгија да не слави со тоталниот аутсајдер, ама и ние треба да го победиме Велс.

МАКЕДОНИЈА СИГУРНО ИГРА БАРАЖ

Колку за потсетување дека вечерашниот меч, ако Белгија не загуби дома со Лихтенштајн, нема да биде битка на „живот и смрт“ за Македонија ако се знае дека ние и онака имаме обезбеден бараж, исто и Велс. Значи вечерва во Кардиф ќе се игра за тоа во кој „шешир“ ќе бидеме во ждрепката за баражот.

-Ако победиме со Велс или ако одиграме нерешено, тогаш сме втори во групата и во баражот ќе се најдеме во ПОТ 3 или третиот шешир. Тогаш за ривал ќе имаме противник од ПОТ 2. Тоа полуфинале ќе го играме како гости. Што секако е подобра варијанта.

-Ако загубиме од Велс тогаш на крајот ќе завршиме како трети во групата и во баражот ќе одиме како победници во Лигата на Нации и ќе одиме во ПОТ 4. И тогаш полуфиналето ќе го играме како гости.

Ова се сите математики кои треба да ги знаеме во пресрет на вечерашниот меч со Велс.

ПретходноСкандалозно: И хрватскиот коментатор згрозен од скандирањето на хрватските фанови во Подгорица!