Луис Хамилтон јавно го кажа она што го претпоставуваат повеќето фанови на Формула 1 – тој ќе го напушти Ферари кога ќе му истече договорот со италијанскиот тим.
Кога седумкратниот шампион во Формула 1 пристигна во Ферари, никој не го оспори трансферот, но немаше потврда дека станува збор за повеќегодишен договор. Природната претпоставка беше дека Хамилтон потпишал почетен двегодишен договор, кој логично би ја вклучил првата година од новите правила во 2026 година.
Хамилтон навистина се мачи оваа сезона и за прв пат во својата кариера нема ниту еден подиум!
„Имам договор. Под нормални услови, започнувате преговори за нов договор најмалку една година претходно. Во моментов сум далеку од тоа“, рече Луис.
Кога го прашаа дали ќе преговара со Ферари следната година, тој кратко рече:
„Не“.
Во овој период младиот Оливер Берман, возач на академијата на Ферари, покажа импресивен талент и се очекува да добие шанса во Ферари при првата можност.
„Тој е одличен возач и многу сум среќен за него. Погледнете колку многу се подобри од првата трка. Тој е одличен човек“, го пофали Хамилтон.










