Ламине Јамал е новата мега – ѕвезда во светот на спортот, во светот на фудбалот. Иако има само 18 години, Јамал е предводник на Барселона, еден од најдобрите репрезентативци на европскиот првак.
И покрај тоа што во последните месеци за него се говореше и пишуваше и во негативна конотација, сепак пред Јамал е блескава иднина.
За него свој коментар даде и холандската легенда Весли Снајдер, играч за врска на Интер во таа фамозна 2010 година кога заедно со нашиот Горан Пандев и останатите, славеа „триплета“:
„Ламине Јамал е новиот Меси за Барселона. Сигурен сум дека никогаш нема да го пуштат, ама и тој никогаш нема да побара да си оди. Тој во Барселона е уште од дете, заработи многу пари, тој е ѕвезда на тимот. Зошто би правел трансфер во Англија или на некое друго место“ посочи Снајдер.










