Дали Украина е ривалот кој го посакуваме во баражот или да се надеваме на реприза од Палермо?!

207

По оние катастрофални 7:1 во Кардиф, за крај на квалификациите за СП 2026, секако дека ретко на кој му е до тоа да анализира, укаже, посакува или надева кој ќе ни се падне утре во баражот за Мундијалот, односно прво во полуфиналето а потоа и во финалето.

Фактот дека, со оглед на тоа дека завршивме во четвртиот шешир, ќе играме како гости во тоа полуфинале, вака на прв поглед сеедно е кој противник ќе го добие Македонија.

А има четири кандидати, тоа се Италија, Данска Турција и Украина. Сите силни, фаворити против Македонија, но ајде да видиме кое е најмалку лошото сценарио за нас.

Реално тоа е Украина, и не поради тоа дека оваа селекција е најслаба, туку дека ќе играме на неутрален терен. Веќе 3,5 години трае руската агресија врз Украина и затоа ќе се игра на неутрален терен. Тоа е многу значајно за вакви мечеви. Токму затоа прашуваме дали Украина ја посакуваме за ривал пред утрешната ждрепка?

Италија?

Па…

Ако ни се падне четата на Џенаро Гатузо дали можеме да се надеваме на реприза од Палермо, на тој март 2022 година кога со голот на Трајковски ја елиниравме оваа селекција во полуфиналето од баражот за СП 2022 во Катар? Познато е тоа дека по неколку дена Роналдо и другарите ни го згаснаа сонот за пласман на Мундијалот во Катар.

Да, Италија би имала супер мотиви против Македонија. Да, Италија би била голем фаворит, ќе игра дома, но секако не во Палермо, но нашата најголема предност би била нивниот селектор – Џенаро Гатузо.

Како тренер никакви резултати, ставен е селектор зошто барем петтмина ја одбија понудата од страна на Фудбалската федерација на Италија и немаше кој, па, ајде Џенаро.

Уште ако биде под притисок, а ќе биде сигурно, тогаш шансите на Македонија ќе се зголемат барем 10 насто.

Но, да бидеме реални. Палермо беше чудо, а чудата не се случуваат секој ден. Италија не смее да си дозволи да не оди на трет Мундијал во низа.

Остануваат уште Турција и Данска од можните противници на Македонија во полуфиналето за баражот.

Кој и да се падне од овие две селекции за нас ќе биде од лошо полошо. Арда Ѓулер и другарите пред фанатичните домашни фанови и тоа како ќе покажат сила.

А за Данска што да се каже? Има десетина причини зошто оваа селекција за ривал за нас е најмалку посакувано сценарио.

ПретходноСветот го дочека и ова: Кристијано Роналдо на прием кај Доналд Трамп
СледноЈетон Беќири: “Загрижен сум по повредите на Цаке и Тамба!“