Кусата посета на Лео Меси во Барселона неговото воодушевување од новиот “Камп Ноу“ ги разгореа страстите во Каталонија. Имено прво претседателот на клубот, Хон Лапорта, најави дека во блиска иднина Меси ќе добие статуа покрај стадионот, а најновите шпекулации се дека името “Камп Нои“ е минато и дека новиот стадион ќе се вика “Лионел Меси“, по иконата на Барса и веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња.
Од Барселона не негираат дека ќе се разгледа таа можност, за преименување на новиот стадион.
“Засега не сме размислувале на таа тема, но не ја исклучувам можноста во иднина тоа да се случи, се разбира доколку постои јасна желба за такво нешто од членовите на клубот“ истакна Елена Форт, потпретседателката на Барселона.










