Леброн Џејмс се врати со рекорд, Дончиќ ја растури Јута (ВИДЕО)

101
Фото: ЛА Лејкерс Х

Леброн Џејмс оствари уште еден подвиг само што влезе на теренот како дел од почетната постава на Лејкерси против Јута. 40-годишниот великан ја започна својата 23-та сезона во НБА, нешто што на никого не му успеало. Џејмс беше надвор од теренот од почетокот на предсезонските тренинзи поради ишијас, што го спречи да игра во предсезоната и првите 14 натпревари од регуларната сезона на Лејкерси. Џејмс, кој никогаш претходно не пропуштил ниту еден од првите натпревари од сезоната, се врати на тренинг пред десет дена.

Со конечното излегување на теренот во натпреварот, тој стана првиот играч што некогаш играл во 23 сезони во НБА. Винс Картер одигра 22 сезони за време на неговата кариера што заврши во 2020 годин.

Лејкерси славеа против Јута со 140-126, а Џејмс беше стрелец на 11 поени. Прво име беше Лука Дончиќ кој имаше дабл-дабл од 37 поени и 10 асистенции. На другата страана Џорџ беше стрелец на 34 поени.

Резултати: Орландо – Голден Стејт 121-113, Атланта – Детроит 112-120, Бруклин – Бостон 99-113, Сан Антонио – Мемефис 111-101, ЛА Лејкерс – Јута 140-126, Портланд – Феникс 110-127.

ПретходноБелами: Искрено не очекував ваков натпревар!
СледноКаква чест: “Камп Ноу“ е минато, новиот стадион ќе се вика “Лионел Меси“?!