Милевски нема да добие нов договор: Седлоски е домашна опција, Билиќ е опција од странство!

2151

Како што дознаваме, Благоја Милевски нема да добие нов договор од страна на раководството на ФФМ. По тие 7:1 вчера во Кардиф, се чини дека никој веќе не смета дека досегашниот селектор е добро решение и за во иднина, имено да ја води Македонија во баражот во март.

На Милевски со крајот на овој месец му завршува договорот и толку од него.

Како што дознава “СпортСпорт“, има неколку опции за негов наслендник. Едната е домашно решение и тоа во името на прославениот шампионски стратег на Вардар, Гоце Седлоски, некогашен легендарен капитен на селецијата на Македонија.

А како странска опција е Слаен Билиќ, хрватот кој долги години беше успешен селектор на “коцкесите“, успешен и како тренер, а има работено и во Премиерлигата.

ПретходноРепрезентативците се вратија без селекторот, Милевски замина на ждрепката во Цирих!
СледноГРК Охрид убедлив во “Езерското дерби“!