Македонската фудбалска репрезентација и покрај дебаклот кој што синоќа ни се случи во Кардиф и поразот од 7:1 против домаќинот Велс во рамките од последното коло од Мундијалските квалификации, и натаму е на 65. место на ФИФА ранкинг листата.
Истата предмалку го имаше своето најново издание, а на него, Македонија и натаму е 65. фудбалска сила на светот.
Овој квалификациски прозорец за Македонија беше исклучително лош иако имавме големи очекувања. Спротивно од нив, најпрво на домашен терен одигравме нерешено на пријателскиот дуел со Летонија, а потоа вчера ни се случи гореспоменатиот дебакл во Кардиф.
Како и да е, Македонија на пролет ја очекува баражот за Мундијалот 2025 година во САД, Канада и Мексико, за кој имаме секако големо очекувања, подучени од она искуство против Италија и Португалија своевремено.










