Репрезентативците се вратија без селекторот, Милевски замина на ждрепката во Цирих!

447

Секако дека по оние 7:1 вчера во Кардиф, можеме само да претпоставиме каква беше атмосферата во репрезентацијата на Македонија. По пресот селекторот Благоја Милевски си кажа што си кажа.

Секако дека јавноста најмногу ја интересира дали тој и натаму ќе остане селектор на А-репрезентацијата, ако се знае дека деновиве му истекува или веќе му е истечен договорот.

Кога сме кај репрезентативците тие се вратија во Скопје, но без селекторот. Имено Благоја Милевски место со експедицијата во авионот за Скопје, тој заминал за Цирих каде утре ќе се одржи ждрепката за баражот за СП 2026.

Утре за Цирих ќе патуваат и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ со Горан Пандев и Николче Новески.

ПретходноБоби Божиновски: “Да се води тимот на Македонија ЃП секако дека е голем предизвик“!
СледноМилевски нема да добие нов договор: Седлоски е домашна опција, Билиќ е опција од странство!