Струмица со пораз и во реваншот од Чешке Будејовице!

30
фото: CEV.eu

Одбојкарите на Струмица се поразени и во реваншот во квалификациите на ЦЕВ Купот. Имено нашиот одбојкарски шампион претрпе убедлив пораз на свој терен од Чешке Будејовице со 3:0 (17-25, 15-25, 19-25), со истиот резултат беше поразен и на гости. Ова значи дека Струмица доживеа елиминација и од ова европско натпреварување.

Во текот на целиот меч гостите просто доминираа, ја искажаа сета своја класа и на крајот заслужено победија.

Јован Милев и Кристијан Илијев освоија по седум поени, Филип Маџунков реализираше шест, додека Владо Милев запиша пет поени зад своето име.

Сериозно подмладениот тим на Струмица европската сезона ја завршува со четири порази, два во квалификациите за Лигата на шампионите од Динамо Букурешт и два во ЦЕВ купот од Јихострој Чешке Будејовице.

ПретходноЕкс – тренерот на Башкими, Ренова, Милано: “Кога Косово и Албанија ќе бидат една држава ќе се пласираме на секое СП!“
СледноКК Пелистер со убедлив пораз се прости од Европа