Ашаданов: Голем хендикеп беше болеста на Митрашиновиќ која примаше инфузии

0

По вчерашниот убедлив пораз од Хрватска на гостински терен од 55-83, селекторот Александар Ашаданов потенцира неколку моменти од третиот меч во квалификациите.

„Одигравме три натпревари во десет дена, и можам да кажам дека сум задоволен и од резултатите и од залагањето на играчите. Кратката ротација најмногу се одрази во третиот дуел со Хрватска, каде што заморот беше јасно видлив кај кошаркарките кои го понесоа главниот товар“ – коментира селекторот на нашиот женски сениорски состав.

Ашаданов истакнува уште еден, и тоа како сериозен хендикеп.

„Голем хендикеп за нас беше и болеста на нашиот капитен Митрашиновиќ, која два дена имаше висока температура и примаше инфузии. Таа настапи благодарение на пожртвуваната работа на медицинскиот тим, кој направи сè за да биде барем делумно подготвена“.

Кај него нема место за незадоволство, напротив,,,

„Убеден сум дека доколку вториот натпревар со Хрватска го игравме дома, ќе имавме и подобар резултат. Сепак, со оглед на краткиот подготвителен период со екипата, мораме да бидеме и повеќе од задоволни од постигнатото во овој прв прозорец. И искрено се надевам дека во вториот “прозорец“ ќе нè заобиколат пехови и дека ќе успееме да стигнеме до нов позитивен резултат“ – смета Ашаданов на крајот на првиот ФИБА „прозорец“, ноемврискиот, по кој имаме ефект од една победа и два порази.

ПретходноНовиот план на Флорентино Перез за Реал Мадрид