Селекторот на репрезентацијата на Курасао, најновиот учесник на Мундијалот 2026 година во САД, Мексико и Канада, холанѓанецот, Дик Адвокат ќе биде најстариот селектор кој ќе предводи една селекција на најголемата светска фудбалска смотра.
Адвокат има во моментов 78. години и го постигна најголемиот успех на оваа мала држава која има само стотина илјади жители.
Адвокат ја презема оваа селекција во јануари 2024 година во кој период има забележано 11 победи, 6 нерешени и само 2 порази, вклучувајќи го и нерешениот резултат 1-1 против Канада во летото во групната фаза од Голд Купот на КОНКАКАФ.
Досега најстар селектор беше Ото Рехагел кој што ја водеше Грција во 2010 година.










