Билбил Соколи, тренер од Косово е познат на нашата фудбалска јавност. Имено тој пред околу 15 години и повеќе ги водеше екипите на Башкими, Ренова и Милано. Сега покрај тоа што е политичар, е и тренер на екипата на Дреница.
И токму тој Соколи на една ТВ дебата даде интересна изјава во пресрет на утрешната ждрепка за баражот за СП, ако се знае дека и неговото Косово и Албанија, се во него и имаат шанси преку баражот да одат на Мундијалот. Тој со таа изјава ги разгоре страстите на Балканот.
„Да бевме обединета земја, мислам на Косово и Албанија, ќе се квалификувавме за секое Светско првенство. Но, тоа обединувањето ќе се случи порано или подоцна“, рече Билбил Соколи.










