КК Пелистер со убедлив пораз се прости од Европа

34
Фото: КК Пелистер

Се најавуваше добра игра и дека ќе се оди на победа, на тој начин да се простат од Европа, но битолчани вечерва не само што загубија туку загубија убедливо од Керавнос во ФИБА Европа Купот со 74:92 и тоа на свој терен.

Со овој пораз на крајот заврши на последното четврто место во групата, а кипарскиот состав дојде до третата позиција.

И повторно одбраната беше проблематична за КК Пелистер, тоа се виде уште на стартот од мечот кога домашните кошаркари првиот период примија 29 поени. Нешто слично се случуваше и во втората и третата четвртина, само последната ја добија па така на крајот неизбежен беше високиот пораз од Керавнос.

Инаку оваа сезона КК Пелистер одигра шест мечеви во Европа и се радуваше само на една победа. Брејси Дејвис запиша 16 поени кај домашните и беше најефикасен во редовите на КК Пелистер, додека кај гостите Стилијану реализираше 20 поени.

ПретходноСтрумица со пораз и во реваншот од Чешке Будејовице!
СледноШкендија со повик до фановите да се купуваат билети за гостувањето кај Дрита во ЛК!