Шкендија е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија (ВИДЕО)

81

Екипата на Шкендија е последниот учесник од четвртфиналето на овогодинешниот Куп на Македонија.

Актуелниот шампион денеска конечно го одигра на два пати одложниот дуел од осминафиналето од ова натпреварување на негов терен против Тиквеш.

Истиот го доби со конечнио 2:0 и на тој начин им се приклучи на Вардар, Струга ТЛ, Работнички, Силекс, Шкендија Арачиново, Детонит и Охрид.

Клучниот момент на мечот се случи во 43. минута кога Амаду Алхасан го постигна еден од најубавите голови видени есенва на нашите терени. Нигериецот распали од преку двесет и пет метри и погоди во аголот.

Во вториот дел Шкендија ја одржуваше предноста, а конечниот резултат го постави Атхе Мазари во последните моменти од дуелот.

ПретходноАлисон ќе биде подготвен за викенд дуелот со Нотингем Форест
СледноАндон Дончевски денеска полни 90. години