Боби Божиновски: “Да се води тимот на Македонија ЃП секако дека е голем предизвик“!

218

Она што се шпекулираше во јавноста, од денеска е и официјално. Боби Божиновски е новиот шеф на стручниот штаб ба Македонија ЃП. Тој и досега беше во стручниот штаб, но како асистент.

Како што и самиот Божиновски кажа за “СпортСпорт“, пред него е напорна работа и голем предизвик:

Можам да кажам и официјално дека сум нов шеф на струката на Македонија ЃП. Секако дека пред мене е голем предизвик, ова за мене е првпат да бидам прв тренер. Јасно е дека ситуацијата во клубот не е баш најсјајна, но денеска го одржавме првиот вистински тренинг по цели две недели. Почнаа да се исплаќаат и платите. Речиси на половина од досегашниот играчки кадар не можам да сметам, но ќе издржиме во овие три кола а потоа во зимскиот преоден рок ќе се засилиме. Ветувам дека со напорна работа ќе сторам се да ја оправдам довербата“ посочи новиот стратег на Македонија ЃП.

ПретходноЈетон Беќири: “Загрижен сум по повредите на Цаке и Тамба!“
СледноРепрезентативците се вратија без селекторот, Милевски замина на ждрепката во Цирих!