Вест која долго се чекаше: Барса може да игра на “Камп Ноу“ и во ЛШ!

0
ФОТО: FC Barselona/X

Барселона се враќа на “Камп Ноу“ овој викенд за прв пат од 28 мај 2023 година. Одлични вести и за самиот клуб и за навивачите кои ќе ги пополнат достапните места на „Камп Ноу“ во дуелот против Атлетик Билбао. Се очекуваат околу 45.000 навивачи во натпреварот од Ла Лига, а откако таа информација беше потврдена, добри вести стигнаа од УЕФА.
Имено, Европската куќа на фудбалот направи исклучок и ѝ дозволи на Барселона да се пресели на „Камп Ноу“ и покрај фактот дека нивните домашни натпревари во тековната Лига на шампиони се играа на „Монжуик“. Барселона побара од УЕФА да им дозволи трансфер на нивниот домашен стадион бидејќи отворањето на стадионот беше одложено поради недостаток на дозвола од градот.
Така, на 9 декември, Барселона ќе игра на официјалниот „Спотифај Камп Ноу“ против Ајнтрахт Франкфурт.

ПретходноМагдебург го декласира Загреб за “осум од осум“, Барса на гости славеше кај ПСЖ!