Голем удар за ФИФА: Русија ќе организира свое СП, во време кога се одржува Мундијалот 2026!

309
ФОТО: rfs.ru

Денеска светските медиуми пренесоа шокантна вест. А таа е дека Русија планира да одржи свој турнир, свое СП за време на вистинското во Северна Америка, а ќе ги покани репрезентациите кои не успеаја да се квалификуваат на Мундијалот. Русите не учествуваа во квалификациите поради забраната, и затоа кројат таен план – Светско првенство за време на вистинското Светско првенство.
Дали со ова сакаат да удрат по ФИФА? Дали сакаат да ја намалат гледаноста на вистинското Светско првенство?
Србите би биле меѓу првите што ќе добијат покана, а се споменува дека и БиХ би можела да заврши на турнирот ако не се квалификува во дополнителните квалификации за да игра на американска почва.
Русите се обидуваат на секој начин да се вратат на светската фудбалска мапа, а со организирањето на нивниот турнир сакаат да ја намалат гледаноста на оној во Америка, но на сите им е јасно дека очите на светот ќе бидат насочени кон Канада, Мексико и САД.

ПретходноЃорческа тргна со победа на турнирот во Трнава
СледноМагдебург го декласира Загреб за “осум од осум“, Барса на гости славеше кај ПСЖ!