ГРК Охрид убедлив во “Езерското дерби“!

21
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Ракометарите на ГРК Охрид и вечерва, во меч од 13.коло во ракометната Суперлига, против Струга како гости, покажаа дека се во добра форма. По маестралната европска победа пред три дена против Слога Добој, тие славеа во „Еезерското дерби“ против Струга со 23:29.

Уште на почетокот се виде кој е кој на овој меч. Момците на стратегот Ројевиќ уште на стартот ја билдаа разликата во своја корист, за да на крајот од прворо полувреме резултатот гласеше 8:18 за големиот фаворит.

Во второто полувреме охриѓани како да подзастанаа малку, тоа го искористија ракометарите на Струга и осетно ја намалија разликата, па така во 57.минута изнесуваше само шест голови. Така беше и на крајот.

Ова е десетта победа на тимот на ГРК Охрид во изминатите три меча. Тие имаат и едно реми и два порази.

Вечерва најефикасен кај победничкиот состав беше Петриќ со пет голови, Ристевски имаше еден помалку, голманот Блажевски запиша шест одбрани. Во поразениот тим Мајдоуб постигна пет голови.

ПретходноМилевски нема да добие нов договор: Седлоски е домашна опција, Билиќ е опција од странство!
СледноЕкс – тренерот на Башкими, Ренова, Милано: “Кога Косово и Албанија ќе бидат една држава ќе се пласираме на секое СП!“