Магдебург го декласира Загреб за “осум од осум“, Барса на гости славеше кај ПСЖ!

23
ФОТО: SC Magdeburg/FB

Па, има ли некој тим оваа сезона да го победи Магдебург? Се чини дека овој тим просто е непобедлив. Вечерва во меч од 8.коло во ракометната Лига на Шампиони, германскиот тим просто го декласира Загреб на негов терен со резултат 35:43. Ова беше осма победа за европскиот шампион во исто толку одиграни мечеви.

Муше реализираше 11 голови а Хорнке шест кај победничкиот состав.

Веспрем рутински успеа да триумфира против составот на Колстад со 42:34. Ремили со седум погодоци беше прв стрелец кај унгарскиот гиган, додека Јепсон запиша 11 голови кај поразениот тим.

Алборг со 34:27 беше подобар од Киелце. Во текот на целиот меч Данците беа подобар противник и на крај заслужено славеа.

И во последниот вечерашен меч, Барселона како гостин славеше кај ПСЖ со 27:30. Еден од клучните фактори на оваа победа беше голманор Емил Нилсен, кој уште еднаш покажа дека е најдобар голман во светот, тој вечерва застана на 18 одбрани. Нгесан и Фабрегас кај гостите запишаа по седум голови, додека кај поразениот тим Омар исто постигна седум погодоци.

ПретходноГолем удар за ФИФА: Русија ќе организира свое СП, во време кога се одржува Мундијалот 2026!
СледноВест која долго се чекаше: Барса може да игра на “Камп Ноу“ и во ЛШ!