Репрезентацијата на Босна и Херцеговина остана без директен пласман на Светското првенство откако во Виена одигра 1:1 со Австрија.
БиХ мораше да победи за директно СП, додека на Австрија ѝ беше доволно реми бидејќи имаше два бода предност пред мечот. На прес-конференцијата по натпреварот селекторот Сергеј Барбарез истакна голем понес за играта на своите фудбалери, но и жалење за пропуштената историска шанса.
„Ни недостасуваше малку среќа. Бескрајно сум горд и во овие тажни моменти среќен што работам со овие момци, кои ја заслужуваат целата моја љубов и внимание. Видовме дека и навивачите ја препознаваат таа гордост што ја носат во себе и која е многу важна.
Секако дека е тешко, ова е големо искуство за нас. Со оваа самодоверба и менталитет ќе го нападнеме баражот во март и ќе се обидеме да се квалификуваме“, рече Барбарез.
Новинарите го прашаа и кого би сакал БиХ да ја дочека во баражот.
„Никого. Воопшто не размислувам за тоа. Сеедно е кој ќе дојде. И онака играме на гости. Реков колку сум горд и едвај чекам да дојдат тие натпревари. Овие момци заслужија вечерва да не им се случи ова, но за жал се случи. Мојата работа е да ги кренам, да создадам атмосфера како што беше и да се обидеме да ги добиеме тие мечеви.“










