По се она што се случи во Кардиф, кога нашата репрезентација катастрофално беше поразена и тоа со 7:1, на своите социјални мрежи се огласи и капитенот на А-репрезентацијата Енис Барди.
Секако дека нему, но и на останатите негови репрезентативни колеги им е најтешко, дека се разочарани.
Еве што напиша капитенот:
„Тежок пораз, оној што ти ја гори душата!
Велс нè удри силно. Болка, разочарување да . Но ова не е крај!
Сè уште сме во плејофот во март. Сè уште сме живи.
Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгаси. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти! Ние не се предаваме. Никогаш.“
Јасна е пораката на капитенот Енис Барди. Македонија сеуште е “жива“ и во март во баражот за СП, против Данска треба да покаже што знае и што може.










