Илиевски го објави списокот: Без Димитријевиќ, но тројца Американци во игра!

153

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на првиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот собир е закажан за 24. ноември (понеделник), со почеток во 10:30 часот во салата на СРЦ „Кале“.

Кошаркарите ќе одиграат два натпревари во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“, и тоа против соодветните национални селекции на Азербејџан и на Ирска.

На списокот го нема Ненад Димитријевиќ, кој штотуку се врати на терените после повредата. Илиевски ги стави сите тројца Американци со македонски пасош, кого ќе одбере допрва ќе биде познато.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

27.ноември – 2025: Македонија – Азербејџан

30.ноември – 2025: Ирска – Македонија

 

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – Работнички

Бобан Стајиќ – Пелистер

Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер

Виктор Ташовски – ТФТ Скопје

Страхил Николов – ТФТ Скопје

Теодор Симиќ – Кожув

Адем Мекиќ – Бора – Косово

Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово

Лејсон Зеќири – Башкими – Косово

Андреј Јакимовски – Тренто – Италија

Џејкоб Вајли – Ритас – Литванија

Омари Мур – Валенсија – Шпанија

Нејт Сестина – Олимпиjа Милано – Италија

СЕЛЕКТОР: Марјан Илиевски

ПретходноНовинарите го пречекаа во Валенсија, Столе беше краток: Немам што да кажам!
СледноПелистер гостин на Пик Сегед, Гарабаја реален: Ќе биде потешко – тоа е сигурно!