Сега веќе и дефинитивно се знае дека на 26 март во Копенхаген, и гостуваме на Данска во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП 2026. Во случај да ја минеме оваа пречка, тогаш во финалето гостуваме кај победникот од дуелот меѓу Чешка и Р. Ирска на 31 март.
Така сакаше денеска ждрепката во Цирих.
Што се однесува до историјатот, Македонија и Данска досега одиграле три меча. Имаме една победа, реми и пораз со гол разлика 4:2 за нас.
Првиот меч беше во таа далечна 1994 година, прв официјален за Македонија во квалификациите за ЕП 1996. Поведовме со голот на Стојковски за 1:0, но потоа Дарко Панчев доби црвен картон а израмни Поулсен на 1:1.
Каква ли само атмосфера имаше на тогашниот “Градски“ на тој 7 сеп 1994. Во реваншот бевме поразени со 1:0, во меч одигран на 26 април 1995 година.
На 6 февруари 2013 гоина во Скопје, во пријателски меч славевме со 3:0 со головите на Пандев, Ибраими и Новески, кои сега сите тројца се во структурите на ФФМ.










