Објавена е листата на најдобрите во историјата: Меси, Марадона, Пеле…

88
ФОТО: Inter Miami CF/FB

Да се знае кој е кој. „Атлетик“ претстави амбициозен проект, „Сокер 100“ – сеопфатна листа на 100-те најголеми фудбалери во историјата. Рангирањето е составено од група истакнати фудбалски новинари, а конечниот ранкинг предизвика огромен интерес кај навивачите ширум светот.

На врвот на листата е – очекувано или не – Лионел Меси. Според „Атлетик“, Лионел Меси го освои првото место како „најголемиот што некогаш играл“.
На втората позиција е Диего Марадона, а трет е Пеле.

Првите 10 изгледаат вака:

Лионел Меси
Диего Марадона
Пеле
Јохан Кројф
Кристијано Роналдо
Алфредо Ди Стефано
Франц Бекенбауер
Зинедин Зидан
Ференц Пушкаш
Мишел Платини

Капитенот на хрватската репрезентација и легендата на Реал Мадрид, Лука Модриќ е единствен од регионот и се најде на 36-то место.

ПретходноНов трипл-дабл на Јокиќ, но Србинот не е ѕвездата, туку друг кошаркар на Денвер (ВИДЕО)
СледноПокетино во конфликт со новинар: Јас сум селектор, а не чистач!