Артета зборуваше ласкаво за Гвардиола

32

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го нарече Пеп Гвардиола свој фудбалски херој. Пред да ги преземе „топџиите“, Артета беше дел од тренерскиот штаб на Гвардиола во Манчестер Сити.

„Го запознав кога имав 15 години. Тој беше мој херој како играч. Работевме заедно и имавме еден од најдобрите периоди во мојот живот. Повторно, фактот што денес седам на оваа столица во голема мера се должи на него.

Веројатно е затоа што бевме толку тесно поврзани во однос на нашата филозофија и воспитување во Барселона. Потоа, затоа што чувствував дека е исправно да го напуштам клубот, да учам од другите и да стекнам поинакво искуство. И тој ми даде можност веднаш да се приклучам на неговиот тренерски штаб. Тоа е една од најдобрите одлуки во мојот живот“, рече Артета.

ПретходноПелистер гостин на Пик Сегед, Гарабаја реален: Ќе биде потешко – тоа е сигурно!
СледноНејмар од херој до трагичар (ВИДЕО)