Неверојатно: Македонија и да загуби од Данска, сепак ќе игра против Чешка или Р. Ирска!

1310
ФОТО: Фудбалска Репрезентација на Македонија/fb

Навистина неверојатно е она што го прави ФИФА во врска со баражите. Имено одлуката е да се играат четири меча во секоја група од баражите за пласман на СП.

Секако да ја земеме за пример Македонија. Нашата селекција ќе игра на 26 март со Данска на гости, а во исто време играат Чешка и Р. Ирска. Победниците во третиот меч од групата, на 31 март ќе играат во финалето.

Ама сега ФИФА бара да се игра и за трето место.

Пример, ако Македонија биде поразена од Данска, сепак на 31 март ќе игра натпревар, и тоа против поразениот од дуелот Чешка – Р.Ирска.

Што би се рекло ќе се игра “најбезвезниот“ меч во фудбалот.

ФИФА и се е можно.

ПретходноБарди по мечот во Кардиф: Тежок пораз, оној што ти ја гори душата!
СледноЛина поразена во 1/8 финалето во Трнава