Работнички го врати Роберт Рикиќ

57

Екипата на Работнички и натаму се бара оваа сезона. Најтрофејниот кошаркарски колектив во минатото коло доживеа голем удар, откако беше поразен од дебитантот Маџари.

Тимот се наоѓа на шестото место на табелата со 11 бода исто толку и Кожув. Во продолжение на сезоната раководството н клубот го ангажира Роберт Рикиќ, кој доаѓа на местото на Џордан Онил.

Центарот го носеше дресот на Работнички во сезоната 2023/24, а покрај овој тим има настапувано за Еуро Никел и МЗТ Скопје.

ПретходноЈамал повторно во центарот на вниманието: Девојки, сè е платено
СледноНовинарите го пречекаа во Валенсија, Столе беше краток: Немам што да кажам!