„Штрковите“ ја „прелетаа“ и Јахорина за трет триумф во АБА 2 (ФОТО)

42

Макеоднскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје А. ја оствари и третата победа во новата сезона од регионалната АБА 2 лига. Вечерва во Скопје, нашиот првак беше сигурен против екипата на Јахорина совладувајќи ја со 96:77.

Во првиот период видовме одлична и ефикасна кошарка и од двете екипи, а МЗТ Скопје А. успеа да направи само минимална предност од два поени (26:24). Нашиот првак многу подобро го отвори вториот период кога почна да ја зголемува разликата и на полувреме да замине со дури 10 поени разлика (57:47).

Гостите се обидоа на стартот на второто полувреме да с евратат во игра, но стабилната игра на МЗТ Скопје А. не им дозволи да го скршат резултатот. Напротив, нашите кошаркари успеаја дури и да ја зголемата прендоста и во завршните десетина минути да влезат со повеќе од пристојни 14 поени предност.

Јахорина се чини комплетно загуби здив во последниот период, а избраниците на тренерот Атанасов дојдоа до поаскуваната победа, која ги носи на делба на едно од првите 4 места на табелата.

Кај МЗТ Скопје А. вечерва брилјираше МекКаден со 28 поени, а одличен настап имаа и Гил со 19 и Дамјан Стојановски со 13 поени. Кај екипата на Јахорина најдобар поентер беше Грем со 19 поени.

 

ПретходноБирмингем Сити најави изградба на нов стадион за 62.000 навивачи (ВИДЕО)
СледноЈокиќ стана играч со најмногу поени во оваа деценија во НБА