По се она што се случи во врска со изјавите на Столе Димитриевски, Валенсија парично ќе го казни нашиот голман и тоа поради прекршување на дисциплинскиот кодекс на клубот.
Македонецот по враќањето во Валенсија имаше состанок со челниците на неговиот клуб, како и со тренерот Карлос Корберан, кој за медимите во Шпанија истакна:
„Димитриевски се врати и разговаравме со него. Прво разговарав со него, а потоа и со целиот тим. Играчот се извини затоа што неговите изјави беа погрешни и неточни, бидејќи, како што веќе ви кажав, во Валенсија никој не игра под договор. Тој е свесен за ова, им се извини на екипата и на персоналот, а со тоа ќе добие и финансиска казна според внатрешните прописи на клубот. Но, со извинувањето и таа казна, го сметам прашањето Димитриевски за затворено“.










