Дон Флорентино збеснал кога дознал дека Модриќ преговара со друг клуб!

102
ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Така тоа го прават големите клубови, така тоа го прави Дон Флорентино Перез. Летото 2018 година малку недостигало да се случел спектакуларен транссфер. Во тоа време, пишува „Газета дело Спорт“, Лука Модриќ бил само чекор до трансфер во Италија, во Интер. Идејата да дојде во Милано му бела исклучително привлечна: Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и Шиме Врсаљко, хрватскиот столб на Интер во тоа време, ќе го пречекаа во соблекувалната.

Според „Газета“, агентот на Модриќ, Владо Лемиќ, стоел зад целата приказна, кој веќе го довел Врсаљко во клубот во истиот преоден рок.

Интер сакал да го доведе Модриќ на едногодишна позајмица со опција за откуп, а Лука, тврди „Газета“, дал согласност. Неговиот договор со Реал истекувал во 2020 година, преговорите за продолжување не напредувале, а 32-годишниот Модриќ барал нов предизвик. Август наводно бил поминат во интензивни разговори.

Сè се променило во моментот кога претседателот на Реал, Флорентино Перез, добил информации за преговорите. Мадридскиот клуб веднаш испрати официјална жалба до Интер за обид за контакт со играчот без претходна дозвола.

Перез потоа јасно ставил до знаење: „Модриќ има клаузула за ослободување од 750 милиони евра. Кој го сака, мора да плати толку.“

Така, трансферот што целосно ќе ја сменеше и кариерата на Модриќ и изгледот на италијанската Серија А, пропадна. Лука остана во Мадрид и стана еден од најголемите во историјата на клубот таму.

Денес, тој е во Милано, но не во Интер, туку во неговиот градски ривал, Милан.

ПретходноХамилтон одговори на критиките: Се будам и заспивам размислувајќи за возењето
СледноПрвите луѓе на Ливерпул веруваат во Вирц!