Рајт: Некои луѓе не сакаат црна суперѕвезда во англиската репрезентација

45
фото: Vibes Foot (X)

Легендата на Арсенал и англиската репрезентација, Иан Рајт го даде своето мислење во врска со големата фама која се крена во јавноста за улогата на Џуд Белингем во екипата на „Гордиот Албион“. Рајт смета дека јавноста во Англија претпочита скромни фудбалери со црна боја на кожата кои не се истакнуваат многу, пред фудбалери како Џуд Белингем.

„Некои луѓе едноставно не се спремни Англија да има суперѕвезда со црна боја на кожата. Сите го сакаат Н’Голо Канте бидејќи тој е многу скромен и не се истакнува премногу. Но, кога имаме фудбалери како Пол Погба или Џуд Белингем, таа енергија не им одговара на некои луѓе. Џуд, поради некоја причина, ги заплашува луѓето поради своите способности и инспирацијата која може да ја даде. Кога играш таму како црн човек, тие ти велат да го дадеш најдоброто од себе и да ја држиш главата спуштена. Но, ако си како Џуд и се истакнуваш, ќе им пречиш на одредени луѓе.“

ПретходноМиклер ја „спушти ролетната“, Пик Сегед убедливо му се реваншираше на Пелистер (ВИДЕО)
СледноЌамили: За мене овој меч ќе биде необичен, но Данска секако е фаворит