Навистина неверојатно е она што го прави ФИФА во врска со баражите. Имено одлуката е да се играат четири меча во секоја група од баражите за пласман на СП.
Секако да ја земеме за пример Македонија. Нашата селекција ќе игра на 26 март со Данска на гости, а во исто време играат Чешка и Р. Ирска. Победниците во третиот меч од групата, на 31 март ќе играат во финалето.
Ама сега ФИФА бара да се игра и за трето место.
Пример, ако Македонија биде поразена од Данска, сепак на 31 март ќе игра натпревар, и тоа против поразениот од дуелот Чешка – Р.Ирска.
Што би се рекло ќе се игра “најбезвезниот“ меч во фудбалот.
ФИФА и се е можно.










