Новинарите го пречекаа во Валенсија, Столе беше краток: Немам што да кажам!

133

Македонскиот репрезентативец голман, Столе Димитриевски слета во Валенсиј по бруталниот пораз на Македонија од 7:1 против Велс во квалификациите за Светското првенство 2026.

Тој беше во центарот на вниманието не само поради катастрофалниот настап, туку и поради острите зборови што ги упати до Карлос Корберан за неговата ситуација во Валнесија. Тој откри дека неговиот соиграч Жулен Агирезабала, добива минутажа само поради „клаузула“ во договорот.

Кога излезе од авионот на аеродромот, Димитриевски немаше ниту трошка расположение за разговор. Новинарите го опколија во обид да добијат изјава, но слушнаа само тивко: „Немам што да кажам.“

Не баш најтопол пречек. Сега го очекува тежок состанок со Корберан, каде ќе треба да се расчистат сите жестоки зборови.

Можни последици
Што следува? Во Валенсија внимателно ги разгледуваат сите опции. Можно е да се донесе строга дисциплинска мерка и да се бара јавно извинување за да се смири ситуацијата. Ако тензијата продолжи да расте, клубот би можел да спроведе внатрешна санкција согласно правилникот. Најлошата варијанта? Спортска казна, односно исклучување од идните натпревари во Кралскиот куп. Неизбежни се и гласините дека незадоволството во соблекувалната расте, а многумина сметаат дека оваа сага може да ја стави на тест кохезијата на тимот во следните недели.

 

ПретходноРаботнички го врати Роберт Рикиќ
СледноИлиевски го објави списокот: Без Димитријевиќ, но тројца Американци во игра!