Макеоднскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје А. ја оствари и третата победа во новата сезона од регионалната АБА 2 лига. Вечерва во Скопје, нашиот првак беше сигурен против екипата на Јахорина совладувајќи ја со 96:77.
Во првиот период видовме одлична и ефикасна кошарка и од двете екипи, а МЗТ Скопје А. успеа да направи само минимална предност од два поени (26:24). Нашиот првак многу подобро го отвори вториот период кога почна да ја зголемува разликата и на полувреме да замине со дури 10 поени разлика (57:47).
Гостите се обидоа на стартот на второто полувреме да с евратат во игра, но стабилната игра на МЗТ Скопје А. не им дозволи да го скршат резултатот. Напротив, нашите кошаркари успеаја дури и да ја зголемата прендоста и во завршните десетина минути да влезат со повеќе од пристојни 14 поени предност.
Јахорина се чини комплетно загуби здив во последниот период, а избраниците на тренерот Атанасов дојдоа до поаскуваната победа, која ги носи на делба на едно од првите 4 места на табелата.
Кај МЗТ Скопје А. вечерва брилјираше МекКаден со 28 поени, а одличен настап имаа и Гил со 19 и Дамјан Стојановски со 13 поени. Кај екипата на Јахорина најдобар поентер беше Грем со 19 поени.










