Јокиќ стана играч со најмногу поени во оваа деценија во НБА

1
фото: Denver (X)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ докажува дека и дефинитивно е најдобриот кошаркар кој во оваа деценија игра во најсилната лига на светот. Откако вчера уфрли 28 поени и оствари нов трипл-дабл во победата на Денвер над Њу Орлеанс, Јокиќ и официјално стана кошаркар кој постигнал најмногу поени во оваа деценија во НБА лигата.

Србинот го престигна Џејсон Тејтум и сега е првопласиран со постигнати 13 242 поени во оваа деценија, додека пак Тејтум има 13 216 поени. Исто така, Јокиќ е најдобар и по вкупниот број на забележани поени, скокови, асистенции и украдени топки. Ниту еден кошаркар во историјата на НБА немал вакви статистики и не бил најдобар во четири од петте главни статистички категории.

Претходно„Штрковите“ ја „прелетаа“ и Јахорина за трет триумф во АБА 2 (ФОТО)