Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили кој инаку е роден и израснат во Данска, денеска по ждрепката за баражите за СП 2026, за данските медиуми изјави дека несомнено Данска е фаворит, но мечот ќе биде многу интересн.
27-годишниот офанзивен играч јасно става до знаење дека ова не е натпревар како и секој друг.
„Кога со едната нога си во двата табора е тешко за прогнози. Роден сум и израснат овде во Данска, но моите родители се родени во Македонија. Секако дека ќе има навивачи од двете страни. Сè на сè, ќе биде малку амбивалентен натпревар за играње. Но, веројатно ќе биде добар. Данска секако е фаворит“, вели Ќамили кој вече има 13 настапи за Македонија.










