Силекс после репрезентативната пауза има гостување во Скопје, кај тимот на Македонија ЃП. Кратовци се надеваат дека ќе ги освојат бодовите кои им се важни за го задржат чекорот со водечкото трио на табелата.
Од таборот на кратовскиот прволигаш велат дека нема да го потценат противникот, кој претрпе измени во последните денови, добија нов шеф на стручен штаб, и дека ќе одат максимално да ги освојат трите бода.
„Како и на секој натпревар, така и на овој одиме на три бода и се надевам дека ќе ги освоиме. Добро влијаеше оваа пауза на нас, да поправиме некои работи и добро да се подготвиме за мечот во Ѓорче Петров. Секој противник го почитуваме без разлика каква е моменталната ситуација во нивната екипа. Ние сме подготвени да одиме на трите бода на ова гостување“, изјави Дарко Ангелески, капитенот на Силекс.















