Со големи три бода се враќа тимот на Брегалница од гостувањето кај Шкендија од Арачиново во рамките од новото коло од домашниот ВМФЛ шампионатот. Штипјани обезбедија победа од 1:2, со головите на Карчески и Демири, откако домашните во првиот дел дојдоа до преснот. Сепак, гостите со комплетен пресврт и многу борба успеаа да му го нанесат првиот пораз на тимот на Шкендија од Арачиново оваа сезона.
Мечот го одбележа секако инцидентот на полувремето кога гостинскиот играч, Стефан Коцев бепе нападнат и удрен од страна на еден од редарите кои се наоѓање на самиот терен.
По неколкуминутен прекин и веројатно преговори дали да продолжи мечот, истиот сепак го дочека второто полувреме.
Многу тензија, шанси на двете страни во кои и домаќинот и гостите можеа до водство, одлучи голот на Хусеин Демири. Шкендија потоа со сите сили се обиде да израмни, но и Брегалница имаше две зицер ситуации.
Што по овој инцидеент ќе се случува и дали Шкендија Арачиново ќе добие соодветна казна останува да видиме.










