Еве што пишува во записникот од мечот Шкендија Арачиново – Брегалница…. домаќинот го очекува тешка казна(ВИДЕО)

684

Денеска во рамките од новото коло од ВМФЛ шампионатот, се одигра дуелот помеѓу екипите на Шкендија Арачиново и Брегалница. Конечните 1:2 за штипјани се огромен триумф, а тимот од Арачиново за прв пат загуби сезонава.

Од друга страна пак, овој дуел го одбележа инцидентот на полувремето, во кое капитенот на гостите, Стефан Коцев беше удрен од службено лице редар, кој што се најде на теренот по свирежот на судијата.

На видео преносот тоа одлично се виде. По консултацијата со гостите, во корелација со делегатот и судиската тројка мечот продолжи. Брегалница сакаше да го доигра мечот, и покрај очигледниот инцидент. Штипјани не се исплашија од ова, напротив, во продолжението на мечот, направија комплетен пресврт со два гола и ги однесоа бодовите.

„Специјалците“ беа присатни во текот на вториот дел, гостите без проблем го напуштија објектот по завршувањето на мечот, како и арбитрите.

Од друга страна пак, во официјалниот записник составен по мечот, стојат сите санкции на дуелот. Што се однесува пак до делегатот, тој својот дел од извештајот има право да го состави и во дополнителниот извештај, што секако дека ќе го стори.

Шкендија Арачиново како клуб, готово па сигурно дека ја очекува сериозна казна за овој инцидент. Првично теренот ќе биде дефинитивно суспендиран, а играњето без гледачи во долгедно време исто така е опција.

Шкендија Арачиново имаше одлична ситуација во овогодинешниот ВМФЛ шампионат се до денеска….

ПретходноФлик откри добри вести пред враќањето на „Камп Ноу“, Барса наскоро ќе биде најсилна
СледноОфицијално: Шкупи – Пелистер на 25.11.2025 во Струга