Официјално: Шкупи – Пелистер на 25.11.2025 во Струга

79
ФОТО: Brera Strumica/FB

За утре е закажано да се одигра дел од 14. коло од ПМФЛ шампионатот на Македонија но еден од дуелите сепак ќе биде презакажан за во вторник на 25.11.2025.

Мечот помеѓу екипите на Шкупи и Пелистер ќе се игра три дена подоцна, затоа што сеуште е активна суспензијата на теренот на Чаир, а алтернативата е Струга, каде што и ќе се одигра овој меч.

Јавноста шпекулираше со евентуално одигрување на мечот токму во Битола, но сепак, тоа и не беше реална опција. Теренот во Струга инаку во моментов е во тешка состојба поради обилните дождови.

 

ПретходноЕве што пишува во записникот од мечот Шкендија Арачиново – Брегалница…. домаќинот го очекува тешка казна(ВИДЕО)
СледноЕврогол на Гаштаров за младинскиот тим на Црвена Звезда (ВИДЕО)