По катастрофата во Лигата на шампиони дојде до тренерска смена во Загреб

61

По катастрофалната серија од осум порази во низа во Лигата на шампиони, Загреб остана без тренер, откако Андрија Николиќ поднесе оставка. Тимот ќе го преземе тренерот Ненад Шоштариќ, кој го водеше Загреб од 2023 до 2024.

„Вака сакам да ги известам сите дека поднесов оставка од функцијата главен тренер на првиот тим на Загреб. Верувам дека ова е најдоброто нешто за клубот во овој момент. Одлуката не беше лесна. Му благодарам на клубот за довербата. Исто така, им се заблагодарувам на сите наши играчи и на сите во клубот за добрата соработка. Им посакувам на сите многу среќа во остатокот од сезоната.“

Хрватскиот тим е во група со Пелистер, после осмото коло е единствен без освоени бодови.

ПретходноБрегалница изеде “клоци” па ја згази Шкендија Арачиново (ВИДЕО)
СледноКоцев: Штета што ваква убава победа ќе ја одбележи глупав инцидент