ВМФЛ: Дерби дуел на водечките – Шкендија (А) ја пречекува Брегалница

2
ФОТО: KF Shkëndija Haraçinë 77/FB

Денеска од 13 часот се играат седум мечеви од 13.коло во ВМФЛ. Познато е дека поради поплавениот терен во Коњари, истоимениот тим и Охрид својот меч ќе го одиграат на 3 декември.

Секако дека денеска се е во знакот на дуелот на водечките на табелата, првопласираната Шкендија Арачиново ја пречекува втората Брегалница. Иако е 13.коло сепак некои работи во поглед на битката за првото место и влезот во ПМФЛ, може да бидат појасни уште денеска. Посебно ако тимот од Арачиново победи. Тогаш ќе има +8 бода во однос на Брегалница. Токму затоа штипските “сини“ по никоја цена не смеат да бидат поразени на овој дерби дуел.

Се очекува голема битка, битка за секоја педа од теренот, овок меч не е решавачки, ама е екстра важен, а тоа го знаат играчите на двете екипи.

Во продолжение можете да ги видите и останатите двојки од ова денешно коло.

ДВОЈКИ ЗА 13.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Беласица – Новаци

Детонит – Преспа

Скопје – Тетекс

Осогово – Вардар (Н)

Победа – Кожуф

Шкендија (А) – Брегалница

Слога (В) – Саса

Г. Коњари – Охрид (03.11.2025)

ТАБЕЛА

Шкендија (А) 32, Брегалница 27, Охрид 27, Беласица 25, Скопје 23, Новаци 20, Детонит 20, Кожуф 17, Осогово 17, Саса 14, Тетекс 13, Победа 10, Вардар (Н) 10, Преспа 9, Слога (В) 4, Г.Коњари 3.

ПретходноБогдановиќ на удар на навивачите на Клиперс