Еврогол на Гаштаров за младинскиот тим на Црвена Звезда (ВИДЕО)

0

Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров постигна вистински евро гол во победата на неговиот тим Црвена Звезда против тимот на Ушче.

Во 18. минута од дуелот Звезда изведе корнер, а нашиот интернационалец од преку дваесетина метри „распали“ по топката и го постигна еден од најубавите погодоци во досегашната негова кариера.

Гаштаров инаку е стандарден член на нашата У21 репрезентација.

ПретходноОфицијално: Шкупи – Пелистер на 25.11.2025 во Струга