Зубац урна рекорд во поразот на ЛА Клиперс (ВИДЕО)

2

Орландо Меџик оствари убедлива победа дома против Лос Анџелес Клиперс од 129:101. Џејлен Сагс го одигра натпреварот на сезоната, постигнувајќи 23 поени и седум асистенции во победата на Орландо.

Еден од најдобрите играчи во тимот на ЛА Клиперс беше Ивица Зубац, кој постави рекорд во скокови во сезоната. Тој запиша 14 поени и 19 скока. Џејмс Харден имаше 31 поен и 8 асистенции.

Тимот на Орландо со тоа ја забележа својата петта победа во последните шест натпревари, додека Клиперс го забележаа деветтиот пораз во последните десет натпревари.

Мемфис го победи Сакраменто дома, со конечен резултат од 137:96. По првото полувреме, домашниот тим имаше убедливо водство од 75:47.

Филаделфија победи на гости против Милвоки Бакс со 123:114 по продолжението.

ПретходноЈокиќ стана играч со најмногу поени во оваа деценија во НБА