Ракометарите на ГРК Охрид пристигнаа во Градишка, Босна и Херцеговина, каде што утре, од 18:00 часот ќе го одиграат реванш натпреварот од третото коло од ЕХФ Европскиот Куп со екипата на Слога Добој.
Охриѓани вечерва го одработија и официјалниот тренинг во “Арена Градишка”.
Првиот натпревар во “Билјанини Извори” заврши со убедлива победа на Охрид од 18 голови разлика и со тоа веќе со една нога обезбеди пласман во следното коло.










